Fatmir Terziu botohet tek “LICENTIA POETICA”


Një nga Projektet e mirëfillta në teritorin e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në lidhje me krijimtarinë i cilësuar si “Portal për të gjitha aspektet e bukura të jetës” me Kryeredaktor

Tatjana Gogoska (MA); Redaktori teknik Elena Maksimovska dhe që udhëhiqet nga bashkëpunëtorët Filip Dimkoski, Qendra Vullnetare – Shkup dhe Valentina Gjorgievska-Pargo kanë përzgjedhur dhebotuar në projektin e tyre dhe shkrimtarin e poetin shqiptar, Fatmir Terziu. Është hera e dytë që interesi i vendit fqinj paraqet për krijimtarinë e krijuesit shqiptar, pas pjesëmarrjes disa vite më parë dhe vlerësimit në Mbrëmjet Strugane.

Sot biografia e shkurtër e autorit dhe disa përzgjedhje poetike janë paraqitur paraprakisht tek “LICENTIA POETICA”. Materiali ishte përzgjedhur dhe prezantuar e përkthyer nga shkrimtarja e mirënjohur shqiptare, Puntorie Zyba Muça.

Po ju paraqesim materialin origjinal dhe lidhjen si më poshtë:


LICENTIA POETICА со Фатмир Терзиу -


…Ова е љубовен закон, магичен код што се распаѓа само во очите

Уредник на рубриката: Филип Димкоски


Фатмир Терзиу e роден во Елбасан, Р. Албанија во 1964 година. Средното училиште го завршил во престижиозното „Даскал Тодри“. Студирал албанска литература и книжевност. Фатмир Терзиу живее и работи во Обединетото Кралство од 2001 година, каде што студирал и работи на LSBU на Факултетот за уметности и хуманистички науки. Тој е писател, поет, новинар, публицист, сценарист, уредник и режисер на неколку филмови. Терзиу ја започна својата кариера како новинар во весниците од осумдесетите, и продолжи како главен уредник на дневниот весник „Независен говор“.Неколку години беше директор на приватната телевизиска станица „Дардан“, новинар и директор на повеќе телевизиски емисии, како „Цел“, „Отворено студио“ и други. Во 1996 година тој беше прогласен за најдобар репортер на годината од страна на весникот „Демократска ренесанса“ каде освои и специјална награда. Во овој период,писателот има напишано и објавено разни статии во британскиот и албанскиот печат објавени во дијаспората, како и во странскиот печат за разни уметнички и книжевни проблеми. Објавил академски и научни трудови и студии во меѓународни списанија како што е Меѓународниот весник на академски истражувања (том 3, бр. 5, септември 2011 година, страници: 93-102); во „Academic Research International“.


Негови попознати дела се:


„Не молчи“ „Волот на Аргадас I“, „Сребрена„ „Ѓаволот на Аргадас II“ „Лулу“„Интеграција“„Мистерија„ „Приказни за чичко Аврам“ 2„Леплива“ „Бунар“ „Мириапод“ „Ветерот не се изнајмува“ „Одење низ стакло„ „ Не молчи„ „Невини солзи„ „После дождот„ „Оганот е сив„и други. Досега има објавено и многу студиски книги.Авторот е прифатен во многу светски антологии.Награди: Најдобар новинар од 1996 година, (весник: „Демократска ренесанса“) Прва награда за приказната „Духови„ во 2004 година (ББС Велика Британија) Награда „Кадмус“- Грција 2006 година. „Облаци на чад“ награда за меѓународен филмски фестивал во Индија 2011 година. И некои други признанија и награди од групи, здруженија, колеги и писатели и научници. Постојат многу написи, интервјуа и прегледи за Фатмир Терзиу во многу албански и странски медиуми.


Очите на љубовта

Знам, би бил изненаден кога би размислувал со мене знам, секогаш ќе дојде едно прашање ветерот се врти околу очите. Нозете се чувствителни, не можат да бегаат тоа е метафора што ја исполнува песната со подготвеност секогаш доаѓа, и кога станува зборзнам, ова е љубовен закон, магичен код што се распаѓа само во очите. Ветерот ги прави очите како нозе каде што сакаат да одат, сепак, тие изгледаат груби кон вонземјаните отруени од нив, светлината секогаш доаѓа целата искра што се раѓа создава љубов. Од тежината на љубовта се тресат нозете срцето гори ние се благословуваме со очите. Знам дека ќе брзате да ме судите знам, кога ќе дојде прашањето кога ќе дојде, знам Данте го опишува ова, ветерот трепка во неговите очи.


***

Поезијата е благословена со лирика и мозоци како љубовта што ја краси жената и љубовта што го воскреснува благородниот сопруг. Понекогаш цртаме планини со неа понекогаш во неа сме приковани не можеме да живееме по жици, но, не можеме да живееме без поезија.


***

Белците се спуштаат, многу избрани гласови, посветени на најдобриот лиричар. Ние сме тивки очекувачи, во нашите срца се палат пожарите на зимата, гори сега љубов моја, биди мирна и прочитај го белото небо од прозорецот. Утре ќе биде постуден ден, можеби ќе замрзнува најдобриот поет. Постудено е на плоштадот, сенката е далеку северно од светот, југ, над градината на нашиот почеток. Ах, кога ќе се сѕопли топли, ќе има нови стихови рецитирани околу езерото.


Превод од албански на македонски јазик: Пунторие Муча Зуба

0 views

Shkrimet e fundit